Пешевски: Апелирам да останеме сите заедно, ќе ни треба голема поддршка

Македонскиот кружен напаѓач Жарко Пешевски по поразот на Еурофарм Пелистер од Мотор Запорожје и елиминацијата во Европската лига истакна дека тимот мора да остане заедно и побара голема поддршка за да се остварат останатите зацртани цели на клубот.

„Прво сакам да им честитам на ракометарите на Мотор. Ние не ја искористивме шансата пред домашната публика и направивме многу технички грешки. На вакви клучни натпревари не треба да ни се случува тоа.

Бевме мотовирани, но прокоцкавме многу шанси. Едноставно мора да се разбудиме што побрзо. Треба да се освестиме и во следните предизвици да влеземе со мирни глави. Апелирам да останеме сите заедно, ќе ни треба голема поддршка за да ги оствариме целите“, рече искусниот кружен напаѓач.

Еурофарм Пелистер за првпат во својот свој трет настап во Европската лига не ја минува групата, а поразителен е и фактот што оваа сезона пред својата публика не победи на ниту еден натпревар.

Најнови вести од
Европска лига