Перуничиќ ги повика Милосављев и Војводиќ за двомечот против Хрватска

Селекторот на српската ракометна репрезентација, Ненад Перуничиќ го објави поширокиот список за двомечот против Хрватска во квалификациите за Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Нашиот северен состав како и на Мундијалот во јануари оваа година ќе настапи со подмладен состав, а повикани се двајца ракометари од домашната Суперлига. 

Дејан Милосављев и Јања Војводиќ од Вардар се дел од повиканите, а Перуничиќ смета и на некогашниот ракометар на Металург, Немања Обрадовиќ, како и на кружниот напаѓач од златните денови на Вардар, Мијајло Марсениќ.

Србија најнапред ќе ја пречека Хрватска во Белград на 11 април, а три дена подоцна ќе гостува во Задар.

Перуничиќ се наоѓа под голем притисок и мора да извојува една победа од двата натпревари, бидејќи во првите две кола во октомври минатата година ремизираше на домашен терен против Белгија и загуби на гостувањето во Швајцарија.