Перковац со проблеми на дебито: Без Циндриќ и Шипиќ против Холандија

Новиот селектор на хрватската репрезентација, Горан Перковац за првпат ја собра репрезентацијата, во пресрет на двата натпревари притив Холандија во рамките на квалификациите за Европското првенство во Германија. Хрватите најпрво ќе гостуваат во Ајндховен в среда од 19:30 часот. а Осијек ќе биде домаќин на вториот дуел в недела попладне.

Веќе со првиот список Перковац се соочи со проблеми, со оглед на тоа што од основните дваесет играчи отпаднаа двајца важни играчи: Лука Циндриќ (болест) и Марин Шипиќ (повреда). Како единствена замена, селекторот го повика Никола Граховац, па ќе патува за Холандија со деветнаесет играчи. На списокот се повратниците Штрлек, Брозовиќ, Степанчиќ, поранепшниот пелистерец Матео Мараш и за првпат Марио Шоштариќ, кој се стекна со право на настап за хрватската репрезентација.

Во досегашните квалификации Хрватска ја совлада Грција во Вараждин и Белгија на гости, додека Холанѓаните ја надиграа Белгија на домашен терен, а потоа загубија во Грција.