Перковац: Ова е голем срам, самите се победивме со Металург

Металург загуби со еден гол кај швајцарски Кринс (22-21), ама поради триумфот со два гола на првиот натпревар во Скопје патува во групната фаза на Европската лига на ЕХФ. Тоа буди незадоволство кај тренерот ја швајцарците, Горан Перковац.

Поранешната хрватска ракометната легенда, кој има 58 години, по средбата во Цирих истакна дека неговиот тим сам се победил и дека жали што нема да игра во групната фаза, затоа што десетте меча во групите би биле голема школа за неговиот тим. 

Кринс имаше еден гол предност и напад за плус два, што ако беше претворено во гол, ќе значеше елиминација за Металург поради повеќето примени голови на домашен терен. Белорусинот Хлеб Харбуц успеа да погоди во финишот, ама времето веќе истече.

„Ова е голем срам, десетте меча во групите на Европската лига ќе беа голема ракометна школа за нашата млада екипа. Противникот беше на терен, ама ние дозволивме да примиме многу лесни голови и правевме многу грешки. Самите се победивме со Металург. Во вакви жешки натпревари мора да играме многу посмирено“, изјави Перковац.

Ждрепката за групната фаза каде покрај Металург од Македонија се наоѓа и Еурофарм Пелистер ќе биде на 1 октомври. Сезоната стартува на 20 октомври, а во секоја од четирите групи ќе има по шест екипи.

Најнови вести од
Европска лига (М)