ВИДЕО: Перфектниот меч на „фараонот“ Карим Хендави!

По првиот месевц минат во Битола, Карим Хендави веќе е големо засилување за Еурофарм Пелистер. Голманот на египетската репрезентација денес го запиша својот статистички најдобар натпревар во дресот на битолчани. Одбрани 50% од ударите на ракометарите на Татран Прешов, имаше една директна асистенција за гол на Радовиќ и еден гол кога противникот напаѓаше со празна мрежа. 

  • Натпреварот на Карим Хендави против Татран Прешов: 

Единствениот натпревар кој Еурофарм Пелистер не го доби во 2021 година е дуелот од СЕХА лигата против ППД Загреб во Хрватска, а на него не настапи „фараонот“ Хендави.