ВИДЕО: Перфектниот Манасков со атракција ја запечати СЕХА-титулата на Веспрем!

Дејан Манасков одигра важна улога во триумфот на Веспрем над Вардар, за титула во СЕХА лигата (35-27). Тој беше меѓу најдобрите играчи на Унгарците, бидејќи беше безгрешен во нападот и со четири од четири го „почести“ својот поранешен клуб. 

Сепак, еден од најатрактивните на Македонецот беше кога против својот репрезентативен колега, Борко Ристовски со мудро свртена топка го измами за точка на триумфот. 

  • Атрактивниот гол на Манасков против Вардар:

Македонското лево крило со четири голови беше меѓу најефикасните во својот тим. Се издвои Ненадиќ со пет погодоци, а Манасков, Нилсон, Мораеш и Лекаи придонесоа со по четири погодоци.