Пера: Бевме сплотени и заслужено подобриот тим ја издвојува победата

Кристина Неагу и нејзината неспорна класа беа преголем залаг за македонската ракометна репрезентација. Најдобрата романска ракометарка ги уништи нашите надежи за пласман во главната групна фаза на Европското првенство во Скопје.

Романките во вториот дел ја наметнаа својата игра и извојуваа победа од 23-31. Од романскиот табор ја истакнаа добрата реализација во вториот дел како причина за победата. 

„Ова беше тежок натпревар од самиот почеток до крајот, Првиот дел беше теок за нас, чусвтвсуваме притисок и среќен сум што во вториот дел се наметнавме, игравме на наше ниво и стигнавме до победа. Промашивме многу чисти позиции, а имавме проблеми и со пивотменот на противникот. Горд сум на девојките, беа сплотени и бевме подобриот тим во овој натпревар“, заврши Флорентини Пера.

Дачиана Хосу го понесе епитетот играч на натпреварот, а нејзините одбранети зицери во вториот дел ги отфрлија нашите напори да се вратиме во натпреварот.

„Честитки за македонскаката селекција која ни понуди одлична атмосфера и голема борба. Сакам да ги потенцирам нашето срце и квалитет. Горда сум на сите девојки“, рече Хосу.

Македонската селекција може да жали што не играше вака компетитивно како во првиот дел од денешниот натпревар во преостанатите пет полувремиња. Како последица на тоа нашиот пласман ќе биде веројатно шеснаесеттото место на шампионатот.