• Зоран Мишевски
Шампионот на Унгарија и поранешен првак на Европа во ракомет за жени има нов тренер. Тимот на Ѓер веќе го промовираше Швеѓанецот Пер Јохансон, кој истовремено е селектор на холандската репрезентација.
Јохансон е предводник на холандската селекција од 2022, а претходно седеше на клупата на Црна Гора и Шведска. На клупско ниво 53-годишниот Јохансон ги водеше романскиот ЦСМ Букурешт и рускиот тим Ростов Дон.
Ѓер не е така доминантен како во минатите години, но и натаму е кандидат за сите титули на домашна и меѓународна сцена.
