Пепи и Дејан Манасков, Миркуловски, Талески, Јоновски дел од мак-колонијата која играла во Бундеслигата

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Од оваа сезона Филип Лазаров игра во Германија, за екипата на Ратинген, а од следната од Бундеслигата својот професионален леб ќе го обезбедува Филип Кузмановски во Магдебург.

Во меѓувреме Филип Талески се етаблира во Рајн Некар Левен, клуб чиј дрес го носеа и Борко Ристовски и Дејан Манасков. Со бундес-искуство се и Ангелов, Јоновски, Миркуловски, Цветковски, Арнаудовски, Пепи Манасков...

Иако германскиот шампионат никогаш не бил омилен за нашите ракометари, сепак некои од нив оставиле важни траги во своите клубови. На Пепи Манасков уште се сеќаваат во Хамел, Борко и Талески освоија титула со „лавовите“, еве следен на листата е Кузмановски.

Неколку наши репрезентативци ќе се чувствуваат како дома во Германија, а останатите треба да им помогнат авантурата во Минхен, можеби и во Келн, долго да ја паметиме.