• Саше Љолес
Изненадувачкиот пораз од Гранољерс ја натера Барселона да се консолидира во завршницата од сезоната. Каталонскиот гигант загуби од во ова дерби првпат по шест години, а управата по мечот реши да ги консолидира редовите за самиот крај на сезоната.
Клубот реши да го повика и врати од пензија искусниот Винсент Жерард, 38-годишниот легендарен француски голман, кој се очекува да игра во Лигата на шампионите и ќе биде замена за повредениот Гонзало Перез де Варгас. Барса во тимот ги има уште Швеѓанецот Нилсен и младиот Шариќ.
Каталонскиот тим не препушта ништо на сличајот и е убедливо прв на табелата во првенството со 44 бода, десет повеќе од Гранољерс.