• Горан Упале

Германскиот првак Рајн Некар Левен е супер-шампион во домашното првенство, откако во Суперкупот го совлада големиот ривал Кил. Тимот од Манхајм до победата стигна по изведувањето на пеналите, откако во регуларниот дел средбата заврши нерешено 28-28 (32-30).
Klasse Leistung, Jungs! #LoewenLive #1team1ziel pic.twitter.com/nTcjdLc7ST
— Rhein-Neckar Löwen (@RNLoewen) August 23, 2017
Кил беше поконкретен противник на стартот од мечот. Зарабец и Екберг постигнаа два брзи гола за предност на својот тим од +3 (7-4), но шампионот брзо се врати во игра и кон средината на првите 10 минути израмни на 9-9. Од тој момент до паузата Петерсон реализира две контри, а Ларсен постигна гол во последните мигови за +3 (14-11) за „лавовите“ на полувреме.
Во вториот дел шампионот љубоморно го чуваше минималното водство сè до средината, кога Заребец и Винцек погодија водство на Кил по подолг период (20-19). Во самиот финиш се влезе со предност на Кил од +1, но Толбринг со звукот на сирената донесе пенали за РНЛ. Во ударите од 11 метри поуспешни беа ракометарите од Манхајм и победија со 4-2.
Најпрецизен на мечот беше вечерва расположениот Заребец со 7 гола, додека кај победничката екипа се истакнаа Шмид и Петерсон со по 4 гола. Нашиот Филип Талески не успеа да се запише во листата на стрелците.