ВИДЕО: Пелистерци запеаја со „Чкембари“ и заедно ја прославија победата над Татабања

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа перфектен натпревар и убедливо ја совладаа Татабања (33-20), за прво домашно славје во Европската лига на ЕХФ. Во одлична атмосфера во салата „Боро Чурлевски“, избраниците на Жељко Бабиќ го одиграа можеби најдобриот натпревар оваа сезона. 

По крајот на дуелот, најверните фанови на Еурофарм Пелистер, популарните „Чкембари“ заедно со играчите запеаја и го прославија триумфот. 

  • Славјето на играчите на Еурофарм Пелистер со фановите:

Битолските „зелено-бели“ ги очекува натпревар против Еурофарм Пелистер 2 веќе за четири дена, додека за една седмица гостуваат во Португалија кај Спортинг.