ФОТО: Пелистерци тренираа во Гумерсбах, мисијата е прва победа во ЕЛ!

Екипата на Еурофарм Пелистер пристигна во Германија, каде ќе ги одмери силите со бундеслигашот Гумерсбах во третото коло од Европската лига на ЕХФ. 

Избраниците на Лино Червар веќе го одработија првиот тренинг и имаа можност да се запознаат со условите во салата каде утре ќе се обидат да ја запишат првата победа во групната фаза. 

Ракометарите тренираа во одлична и позитивна атмосфера, со надеж за освојување на бодови кај силниот противник, кој во минатото коло успеа да ја совлада Ла Риоха со конечни 30-34. 

Германскиот тим има два бода во групата Г, додека нашиот претставник има еден бод, освоен во минатото коло на гостувањето кај Вибжеже Гдањск. 

Натпреварот помеѓу Гумерсбах и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 13 октомври во 18:45 часот.