• Зоран Мишевски

Двете екипи на Еурофарм Пелистер ги искористија подготовките за пријателски дуел кој се играше во поинаков формат, а поуспешни беа сениорите на Ларс Валтер кои славеа со пет гола разлика.
Овој меч беше со цел да се воиграат новите ракометари и да се испробаат повеќе тактички варијанти. И Валтер и Јовиќ често ротираа, а двете полувремиња му припаднаа на поискусниот суперлигаш.
Пријателски натпревар (3x20 минути)
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 29-24 (20-16, 9-6)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Најдобри стрелци:
Сери 5, Пешевски 5, Дејвис 4, Кукуловски 3, Танкоски 3 (Еурофарм Пелистер), Стоилевски, Николовски, Петар Атанасијевиќ 3 гола
И Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 чекаат на предизвикот во Европската лига на ЕХФ. Првиот тим на битолчани ќе игра директно во групната фаза, додека вториот ќе тргне од квалификациите и го чека австриски предизвик во името на Алпла Хард.