• Симеончо Стоиков

Ракометната екипа на Пелистер по пристигнувањето во Португалија се аклиматизираше на Лисабон, откако одработи тренинг пред утрешниот прв натпревар од осминафиналето во Челинџ Купот против Спортинг Лисабон, во кој нашата екипа ќе ја има улогата на домаќин.
Избраниците на тренерот Касим Каменица вечерва одработија полесен тренинг, на кој беа воиграни и договорени последните комбинации во пресрет на утрешниот меч кој се игра со почеток од 18.00 часот.
Пелистер како што е познато уште од претходно, веќе ден подоцна, в недела ќе го одигра и реванш дуелот кој исто така е со почеток од 18.00 часот.