ВИДЕО: Пелистерци со цепелин од корнер го казнија подзаспаниот Металург

Екипата на Металург ги запиша првите бодови во новата сезона на Суперлигата. Иако важеше за голем фаворит, наиде на силен отпор од Еурофарм Пелистер 2 и потешко од очекуваното, во самиот финиш се избори за стартна победа во групата А (25-21).

Младите пелистерци предводени од Александар Јовиќ одиграа квалитетен дуел во Автокоманда и не им се уплашија на домашните ракометари. Доказ за таа е фактот што зад нивното име го имаат потегот на натпреварот. Блажевски од корнер одлично асистираше, а новото засилување Талевски со цепелин ја казни заспаната одбрана на Металург.

  • Потегот на натпреварот Металург – Еурофарм Пелистер 2: 

Токму Талевски беше прв стрелец на битолчани со девет гола, а солиден беше и Петровски со пет. Кај Металург се истакна Серафимов со осум погодоци.