Пелистерци се запознаа со системот на Гарабаја, следува главната фаза во Златибор

Ракометарите на Еурофарм Пелистер под полна пареа ги одработуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона во која ќе ја бранат титулата во Суперлигата и одново ќе учествуваат во Лигата на шампионите. 

Пелистерци ја затворија првата недела и со двојна тренинг сесија почнуваат да го запознаат новиот систем на новиот предводник Рубен Гарабаја, кој по заминувањето на Раул Алонсо во Лајпциг седна на клупата на шампионот. Кон групата се приклучија Хенигман и Рудолф Хекберт кои отсуствуваа на призивката минатата недела.

Екипата од понеделник се сели во Златибор, каде што ќе ја бруси формата и ќе одигра еден тест натпревар. Покрај тренерот Гарабија, во Еурофарм Пелистер дојдоа уште неколку нови ракометари кои ќе ги пополнат празнините кои што ги оставија Костески, Мамдух Шабиб, Ивиќ, Борзаш...