• Саше Љолес

Актуелниот македонски шампион, Еурофарм Пелистер, го одржа официјалниот тренинг пред тешкиот предизвик во Лигата на шампионите против германскиот гигант, Кил.
Битолскиот тим со два порази ја стартуваше групната фаза од елитното натпреварување, не е фаворит и на пресметката со Кил, но сепак, Германците ги очекува пеколна атмосфера во салата „Боро Чурлевски“. Домашната публика сигурно ќе им даде огромна поддршка на своите миленици, кои ќе мораат да ѝ возвратат со подобро издание во споредба со претходните натпревари.
Еурофарм Пелистер досега забележа два убедливи порази од Колштад и Алборг, но и мисијата против Кил ќе биде исклучително тешка. Надежта за позитивен резултат секогаш постои, но битката ќе биде навистина исцрпувачка. Кил е четирикратен освојувач на Лигата на шампионите и сосема оправдано ја има фаворитската улога.



