ВИДЕО: Пелистерци се вратија од Маврово, тимскиот дух и воиграниот тим најголеми адути

По истиот принцип како и минатата сезона, Еурофарм Пелистер базичните подготовки ги мина во Маврово. Општа оценка на стручниот штаб е дека битолчани минаа плоден период во пријатните услови надвор од градските жештини.

Пелистерци го сменија планот на подготовки, бидејќи ако минатата година првиот официјален натпревар го одиграа во октомври, сега ќе играат два важни дуели во август. 

  • Дел од подготовките на Еурофарм Пелистер во Маврово: 

„Има разлика од претходните сезони, бидејќи сезонава почнува порано со официјалните натпревари. Започнуваме против Вардар во Суперкупот на Македонија и немаме многу време за да се спремиме, па го забрзуваме процесот. Подготовките траат и сè е во ред со сите ракометари. 

Сезонава составот не претрпе големи промени, 70% останавме старите играчи. Имаме новајлии, се вклопуваат во системот и мислам дека со официјалните подготовки добро ќе ја започнеме новата сезона.

Ќе се зголеми бројот на натпревари сезонава. Ќе има доста натпревари за секого. Ќе се ротира и ќе биде тешка сезона, со многу натпревари. Верувам дека работите ќе течат како што треба“, вели стружанецот.

За Јосип Периќ тимот е посилен од оној во минатата сезона, кој загуби од Вардар 1961 во финалето на Купот, а во шампионатот ја загуби титулата на гол-разлика.

„Доста се засиливме, доведовме неколку квалитетни ракометари и наголемо тактички се подготвуваме за тоа што ни следи. Засега сè оди по планот, сите момци се здрави, немаме проблеми со повреди, се воигруваме, посебно со новите играчи, и едвај чекаме да почнат официјалните натпревари.

Најголема наша снага треба да биде тоа што костурот остана ист. Втора година сме заедно, добро се познаваме и воиграни сме. Ако новајлиите се вклопат мислам дека не очекува подобра сезона од претходната.

Искрено, доста трениравме и во паузата, добивме посебни програми, па не треба премногу физички да работиме тука. Ни следи ракомет и тактика. Нè радува тоа што веднаш почнуваат натпреварите и не треба да чекаме долго како минатата сезона. Се радувам и што ќе има голем број натпревари оваа година“, смета босанскиот интернационалец.

  • Комплетната видео изјава на Јосип Периќ:

Во мавровскиот дел од подготовките Бабиќ работеше со сите ракометари, со исклучок на Марио Танкоски, кој кон групата ќе се приклучи во втората недела од август.