• Иван Димовски

Екипата на Еурофарм Пелистер во следниот период ќе биде без Петар Атанасијевиќ, кој веќе некое време го мачи повреда на рамото.
Се работи за рамото на десната рака, а поради оваа повреда Атанасијевиќ го пропушти и последниот репрезентативен собир. Младото лево крило нема да биде на располагање на шампионот во следните предизвици.
Клубот преку социјалните мрежи потврди дека Атанасијевиќ ќе отсуствува, ама не сподели колку точно ќе трае паузата.
Во последното коло од регуларниот дел на Суперлигата пелистерци ќе се судрат со Прилеп во вторник.