Пелистерци почнуваат и завршуваат во Битола во групата на ЕЛ!

Македонскиот претставник во Европската лига на ЕХФ, Еурофарм Пелистер, ги дозна противниците за групната фаза, а сега е познат и распоредот на сите натпревари. 

Избраниците на Лино Червар ќе отворат на домашен терен против шпанската Ла Риоха на 29 или 30 септември, а групниот сегмент ќе го завршат на први декември, и тоа повторно во Битола, против екипата на Вибжеже Гдањск. 

Распоред на натпреварите:
Прво коло, 29/30 септември, Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
Второ коло, 6 октомври, Вибеже Гдањск – Еурофарм Пелистер
Трето коло, 13 октомври, Гумерсбах – Еурофарм Пелистер
Четврто коло, 16 ноември, Еурофарм Пелистер – Гумерсбах
Петто коло, 24 ноември, Ла Риоха – Еурфарм Пелистер
Шесто коло, 1 декември, Еурофарм Пелистер – Вибжеже Гдањск

„Зелено-белите“ пред себе ќе имаат тешки предизвици во второто најквалитетно натпреварување на ЕХФ, но надежите за добри резултати се императив, нешто што го очекува и армијата навивачи на битолскиот суперлигаш.