ФОТО: Пелистерци одржаа лесен тренинг во домот каде што Спортинг нема пораз во ЕЛ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги прават последните подготовки за вечерашниот „пекол“ што ги очекува на средбата против Спортинг Лисабон.

Македонскиот вицешампион во рамки од петото коло во Европската лига на гости во Португалија ќе проба да ја продолжи позитивната серија во ова натпреварување и по првиот дел од групната фаза да се искачи на лидерската позиција. 

Утрово, пелистерци одржаа полесен тренинг, со цел да ја почувствуваат подлогата во салата „Жоао Роча“, каде вечерва со почеток од 20:45 часот ќе истрчаат на мегдан со португалскиот тим.

Спортинг игра одлично на свој терен на меѓународна сцена оваа сезона и има две победи од исто толку средби, но и Еурофарм Пелистер е без пораз надвор од Битола. Македонскиот тим  по поразот од Ним пред својата публика, одигра реми кај Кадетен и победи на гости против АЕК, а во последното одиграно коло беше поуспешен од Татабања.