Пелистерци на 27 јуни ќе ги дознаат ривалите во ЛШ, форматот останува непроменет

Македонскиот ракометен првак, Еурофарм Пелистер, втора сезона по ред ќе се натпреварува во Лигата на шампионите. Извршниот комитет на ЕХФ ја потврди одлуката на комисијата и пелистерци ја добија посакуваната покана за учество во ракометната елита. 

Покрај „зелено-белите“, ЕХФ на поканите позитивно им одговори уште на ПИК Сегед, Киелце, Нант, Загреб, Фредериција и Динамо Букурешт, со што е затворен кругот на учесници во Лигата на шампионите.

Форматот на натпреварува останува непроменет, што значи дека и следната сезона ќе има две групи со по осум екипи. Еурофарм Пелистер своите ривали во групата ќе го дознае на 27 јуни, за кога е закажана ждрепката во Виена. 

Минатата сезона пелистерци не се прославија во елитата, затоа што од четиринаесет натпревари имаа исто толку порази.