ВИДЕО: Пелистерци му се „намерачија“ на Карачиќ – му го искинаа дресот

Игор Карачиќ влезе во клинч со публиката во Битола на првиот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Киелце кој се одигра во рамки на Лигата на шампионите, а на вториот натпревар во Полска, ракометарите беа дефанзивно агресивни кон него.

Хрватскиот среден бек не ужива почит кај пелистерци поради неговата историја со големиот ривал на македонската сцена - Вардар, па јасно е зошто „зелената“ страна нема емоции кон него. Така беше и во Киелце, барем од страна на ракометарите.

Се играше немилосрдно во одбраната, посебно на Карачиќ, кој во еден момент мораше да излезе надвор од теренот за да го замени дресот. Се искина дресот на хрватскиот ракометар, па тој зеде нов за мечот.

Најнови вести од
Лига на шампиони