• Иван Димовски
Еурофарм Пелистер ја започна продажбата на билетите за мечот на колото против ПИК Сегед во Лигата на шампионите. ЕХФ ја одреди оваа средба како највозбудлива во оваа рунда на елитното натпреварување.
Македонскиот шампион ќе продава билети по стандардни цени од 450 и 550 денари.
Пелистерци по стартната победа во Лигата на шампионите над Загреб врзаа пет порази, додека ПИК Сегед има половични „три со три“. Еурофарм Пелистер го дочекува унгарскиот ривал в среда во терминот од 20:45 часот.







