Пелистерци ги наплатија есенските сметки и го добија дербито со Охрид

Ракометарите на Пелистер го совладаа Охрид со 35-30 (18-19) во последното дерби од Суперлигата и им се реваншираа на избраниците на Горан Андоноски за поразот во ноември крај езерото.

  • Погледнете го целиот натпревар меѓу Пелистер и Охрид: 

Првиот дел мина целосно израмнето. Одбраните и голманите беа во сенка на одличната реализација и головите од сите позиции. Новајлијата Гуглета на дебито погоди двапати во првиот дел, а рализираа и капитенот Васко Димитровски и Александар Станојевиќ.

Но, охриѓани беа мотивирани од своите фанови кои се надвикуваа со „Чкембарите“ среде Битола први се одлепија на +2. Погодуваа Димитријески од седмерци и Андоноски од позиција на крило за минимална предност. Кога битолчани израмнија, имаа и напад за водство, но грубо погрешија и Блажевски погоди со звукот на сирената за 18-19 по првиот дел.

Почетниот дел од второто полувреме беше клучен за победникот. Пелистерци со ефектни голови на бековите направија серија 4-1 и предноста не ја испуштија до крај. Станојевиќ погоди во значаен момент, одбраната се мобилизира и во 42. минута веќе беше +3. Крсте Андоноски парираше, но охридската одбрана попушти и битолчани без драма го приведоа натпреварот кон крај. Пелистер ги наплати есенските сметки и славеше со 35-30. 

Најефикасни во тимот на Пелистер беа Поповиќ Кобетиќ и Станојевиќ, а кај Охрид се истакна Андоноски со 12 гола. Пелистерци продолжуваат во плеј-офот, а охриѓани во плеј-аутот, Распоредот за последниот дел од сезоната ќе биде познат во вторник.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0