Пелистер со шест гола во низа го скрши отпорот на Металург 2

Екипата на Пелистер забележа триумф во Суперлигата и славеше над Металург 2 (29-27) во дуел кој се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во рамки на 13. коло од македонскиот ракометен шампионат.

  • Комплетниот натпревар на Пелистер и Металург 2:

Домаќинот дојде до четвртата радост, но потешко од очекувањата, затоа што гостинот од Скопје даде голем отпор. Главната разлика се случи со шест гола во низа, во средината на второто полувреме, кога нападот на Металург 2 затаи, а на спротивната страна Пелистер „решеташе“. Битолчани ја израдуваа својата публика и победија пред „Чкембарите“ кои го бодреа тимот 60 минути.

Дуелот претежно мина во егал, а воведните 30 минути минаа во игра гол за гол и двата тима си го предаваа водството. Разликата ниеднаш не беше драстична, а резултатот на паузата гласеше 12-12. Изедначено се играше се до 18-18, кога почна серијата на битолчани. Металург 2 десет минути не успеа да постигне гол, а од тоа профитираа „зелените“, кои се одлепија на 24-18 и зачекорија кон триумфот.

Талевски и Васко Димитровски со по пет гола беа најефикасни во победничкиот тим, а Михајлов со седум погодоци беше најдобар поединец кај поразениот тим.

Пелистер се наоѓа на седмото место на табелата во Суперлигата со 14 бода, додека Металург 2 е место подолу со вкупно седум освоени бода. Металург 2 во наредното коло ќе биде домаќин на Радовиш, а Пелистер гостува кај Пролет.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 ПелистерПелистер 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4