ФОТО: Пелистер со „Чкембарите“ го прослави првиот трофеј во мак-ракометот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по третпат го освоија трофејот во Суперкупот, откако по огромна драма го совладаа Вардар 1961 со 28-27 (12-13). По четврти пат во низа, втор во официјалните натпревар пелистерци го совладаа лутиот ривал и ја отворија новата сезона со првиот трофеј.

По крајот на мечот, ракометарите на македонскиот првак ја споделија радоста со најверните. Трофејот заврши на трибината кај „Чкембарите“ кои бурно го прославија триумфот над најголемиот ривал во Македонија.

Суперкупот е увертира за новата сезона во македонскиот ракомет која стартува веќе утре.