Пелистер со бодови се враќа од дербито со Струга

Екипата на Пелистер забележа значајна победа во Суперлигата и на гостински терен крај езерото во Струга славеше со 23-27. Новиот тренер Јошко Петковиќ врќр врза две победи откако седна на тренерското место, менувајќи го Томе Петрески.

Двата тима одиграа изедначено во првото полувреме. Резултатот гласеше 15-15, а потоа почна доминацијата на битолчани.

Главната разлика гостинот ја направи кога од 18-19, се одлепи на 18-21. Во последните десет минути се влезе со 21-24, но откако Пелистер поведе со 23-27 стана јасно дека стружани нема да може да дојдат до позитивен резултат пред својата публика.

Реваз Чантурија со осум гола беше најефикасен во победничкиот тим, а по четири постигнаа Кобетиќ и Поповиќ. Кај стружани најпозитивни беа Ненад Костески со седум и Тситешвили со пет гола. 

За Пелистер ова беше четврта победа во новата сезона со која изби на табелата пред Струга, која остана на три победи.