Пелистер се ослободи од уште двајца странци

Екипата на Пелистер продолжи да прави промени во својот ростер и по доаѓањето на Јошко Петковиќ раскина со двајца странски ракометари.

Дел од битолскиот прволигаш повеќе не се десниот бек Вук Перовиќ и голманот Милош Рајчиќ. Српскиот бек пристигна ова лето, а Рајчиќ ја играше втората сезона, но откако не се најдоа во плановите на новиот тренер, следеше раскин на договорите. 

Пелистер ќе ангажира нови ракометари на нивните позиции во наредниот период. Јошко Петковиќ најави „ремонт“, за да се состави респектабилен тим во новата сезона од македонскиот шампионат.

Претходно, „зелените“ се разделија и со Владимир Зејак и Мохсен Карамиан.