„Пелистер не е за потценување, но ќе пресуди нашата подолга клупа“

Охридскиот ракометен клуб во дерби средбата од 12. рунда во Суперлигата на домашен терен ќе го пречека битолски Пелистер. Натпреварот се игра в недела со почеток во 17:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

„Гладијаторите“, кои се во позитивна серија, на хартија пред почетокот на натпревар се изразити фаворити но таа улога ќе треба да ја потврдат на теренот пред охридската публика.

„Моментално, како екипа сме во многу добра ситуација. Сите ракометари сме здрави и посериозни повреди избегнавме, во добра форма сме и бележиме позитивни резултати. Гледам многу расположени лица в сала и тоа мене, а и на сите други, ни служи за уште поголема мотивација. В недела ние сме фаворити и сакаме со триумф да ја оправдаме таа улога и да продолжиме со серијата победи во Суперлигата. Веројатно имав ретка можност да играм за Струга и Охрид во растојание од една година. Во Струга имав доста проблеми, но тоа го оставам позади мене и комплетно сум насочен кон мечевите во Охрид. Со клубот сме пред теоретски пласман во плеј-офот, а таму посакуваме многу добри резултати“, изјави грузискиот ракометар Лексо Цицешвили.


Големиот избор на ракометари е голема предност на Охрид во однос на Пелистер кој последен се екипираше од суперлигашите. Првиот меч оваа сезона им припадна на охриѓани кои славеа во Битола со 25-19.

„Сите сме максимално подготвени за дерби средбата со Пелистер. Нашиот противник не смее во никој случај да се потцени  бидејќи таму играат искусни и квалитетни ракометари. Како предност во пресрет на дуелот ја гледам подолгата клупа, а другото треба да го покажеме на теренот. Во екипата сум втор избор на десната бековска позиција и секогаш кога ќе ми се пружи прилика, морам да ја искористам“, потенцираше Дејан Гошески.


Ракометарите на Охрид чекорат по планот во Суперлигата, а нив ги следат екипите во младинските категории. Младинците, пионерите и кадетите бележат одлични резултати и Охрид на добар пат е да обезбеди учество со сите екипи на завршните турнири.

„На иста бранова должина со резултатите од сениорскиот состав се екипите во младинските категории. Затоа морам да ги пофалам тренерите Сашо Ристески и Наум Бабачев, кои работат во младинските категории. Младинскиот состав има перфектен скор, а исто така и пионерите и кадетите. Охрид како клуб бележи напредок на сите полиња и се надевам дека тој тренд ќе продолжи сезонава, а и понатаму“, рече спортскиот директор Горан Недески.

Охрид со 28 бод котира на втората позиција на табелата, додека „зелено белите“ со 11 поени се седмопласирани во македонскиот ракометен шампионат. Билетите за влез на средбата Охрид – Пелистер чинат 50 денари.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 ПелистерПелистер 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4