Пелистер му го нанесе првиот пораз на Вардар во плеј-офот!

Битолски Пелистер му се реваншира на Вардар (26-30) за поразот на домашен терен и победи на денешната средба во Скопје во рамки од деветтото коло од овогодишниот плеј-оф.

Конечниот резултат беше очекуван со оглед на тоа што македонскиот првак настапи со најмладите ракометари и ги сочува силите пред да замине за Келн, каде ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

  • Целиот натпревар меѓу Вардар и Пелистер: 

Домаќинот одржуваше резултатски приклучок до 15. минута од првиот дел. Се играше гол за гол до резултат 6-6, кога пелистерци заиграа подобро и направија серија од 3-0. Тоа им овозможи да изградат предност која ја задржаа до паузата (14-16). Честите грешки во напад беа причината за негативниот резултат на „црвено-црните“ по првите 30 минути.

Роберто Гарсија Парондо до крај им веруваше на истите момци и го одигра остатокот од мечот со истата постава. Гостинските ракометари уште на стартот од вториот дел го одлучија прашањето на победникот. Заминаа на +5 и не пропуштија можност да се радуваат на теренот на големиот ривал. Маџовски со осум и Поповиќ и Ивановски со по пет гола беа најефикасни кај победниците, а Марко Мишевски со седум и Ставревски со шест погодоци се истакнаа кај шампионот. 

За Вардар сега останува да ги направи последните подготовки за полуфиналето во ЛШ против Барселона, кое се игра на 1 јуни. Пелистер во следното коло в среда ќе го пречека Пролет.

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0