Еурофарм Пелистер ќе брка изненадување кај германскиот гигант РНЛ во ЕЛ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се пред можеби најголемиот предизвик во Европската лига и гостувањето кај Рајн Некар Левен во Манхајм. Жељко Бабиќ имаше сериозна задача да го подготви тимот за еден мечот против еден од најголемите германски клубови. 

Битолчани за Германија отпатуваа без Граџан, Маџовски и Костески, но со сите останати сили. Во ова натпреварување Еурофарм одигра два тесни натпревари, а сè уште чека на прва победа бидејќи загуби кај ГОГ Гудме (30-29) и ремизира со Кадетен во Битола (25-25), иако имаше позитива од шест голови на полувреме. 

Можеби гостувањето во Манхајм не е идеално за прво славје. Рајн Некар е во добра серија од пет триумфи во низа, а последен пат загуби пред повеќе од еден месец. Сепак, четири од петте победи на германскиот тим се во Бундеслигата, а во Европската лига го добија единствениот дуел на гости кај ГОГ Гудме (32-37). 

Во тимот на Рајн Некар Левен ќе недостигаат подолго повредените голмани Микаел Апелгрин и Андреас Паличка, како и Александер Петерсон, Патрик Грецки и Рафаел Баена. Веќе во стројот се вратија Колбахер и Нилсен, па тренерот Мартин Швалб има респектабилен тим на располагање, а единствен проблем е на десната крилна позиција каде го има само Веигел.

Инаку, натпреварот во „САП Арена“ е закажан за вечерва со почеток од 20:45 часот.