Пелистер како на тренинг мина кај младинците на Борец

Екипата на Пелистер прокнижи нови планирани бодови во Суперлигата и како гостин во салата „Гемиџии“ во Велес со 20-37 (7-19) славеше над Борец.

Домаќинот немаше шанса да го изненади поискусниот противник, затоа што поради финансиски проблеми, играше со младински ракометари. Разликата беше евидентна уште на стартот, а во вториот дел, Борец снема сила па пристигна високиот пораз. 

По првиот дел во кој стрелците на Пелистер беа расположени и доминираа, битолчани имааа предност од 12 гола (7-19), додека до финишот истата се удвои.

Габонецот Табангует со 11 гола беше прво име на натпреварот, а во победничкиот тим Петров беше автор на шест, а Лековиќ на пет гола. Димитар Минов со шест гола беше единствена светла точка кај младинскиот погон на Борец.  

Пелистер е на третото место на табелата и води борба за пласман во плеј-офот во Суперлигата. Борец, пак, е на дното на табелата, а по последниот дуел со Охрид за оваа полусезона, судбината на тимот не е позната.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0