• Мартин Танасковски

Женскиот ракометен клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, во која повторно ќе настапува во Суперлигата, а ново име во битолскиот состав е талентираната Еџе Сејадин.
Станува збор за една од најперспективните млади ракометарки во земјата, која минатата сезона беше најдобар стрелец во кадетската лига со 86 постигнати голови.
Покрај тоа, Сејадин блескаше и во Првата лига, каде со 164 погодоци ја заврши сезоната како втор најдобар стрелец.
Минатото лето младата ракометарка од Ресен се пресели во редовите на Стружанка, каде со одличните настапи го привлече вниманието на битолскиот клуб.
