Пелистер ги суспендира „непослушните“ Ѓорѓески, Гуглета и Станојевиќ

Во Пелистер беа доведени како големи засилување оваа зима, но не само што не се докажаа, туку нивната авантура со „зелено-белите“ предвреме е завршена. Александар Гуглета, Александар Станојевиќ и Даниел Ѓорѓески заработија суспензија од клубот и повеќе нема да го носат зелениот дрес. 

Турбуленциите во редовите на ракометниот клуб Пелистер немаат крај. Некогашниот шампион минува низ тежок период во финишот од сезоната на Суперлигата, а по заминувањата на спортскиот директор Златко Димитровски и тренерот Јошко Петковиќ, раководството на клубот се одлучи да направи чистка и во играчкиот кадар. 

Гуглета и Ѓорѓески дефинитивно ја завршуваат својата авантура со битолскиот клуб, додека ситуацијата со Станојевиќ е поразлична. Искусниот десен бек сигурно нема да игра на утрешниот меч со Вардар, а постoи можност да се најде во составот за градското дерби со Еурофарм Работник. 

Пелистер до крајот на сезоната ќе биде предводен од помошниците на Петковиќ, Атанасовски и Велјановски, кои ќе „дебитираат“ против шампионот Вардар. 

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 8 8 0 0 269:222 47 24
2 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 8 6 0 2 254:213 41 18
3 МеталургМеталург 8 5 0 3 250:244 6 15
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 8 2 0 6 211:225 -14 6
5 Пролет 62Пролет 62 8 2 0 6 207:253 -46 6
6 ПелистерПелистер 8 1 0 7 219:253 -34 3