Пелистер беше скоро поразен, но лавовски излече реми против Пролет

Во последниот натпревар од четвртото коло на Суперлигата, Пелистер и Пролет одиграа без победник во дуел во кој постојано водеа гостите. Финалните 23-23 се повеќе инвидуален квалитет на бековите и силната желба на младата екипа на Зарков. Домашната екипа настапи хендикепирана заради повредите на Стефан Дрогришки и Филип Ивановски.  

  • Комплетниот натпревар меѓу Пелистер и Пролет:

Гостите започнаа многу подобро, играа цврста одбрана и погодуваа од полуконтра и преку расположенито Мартин Поповски. Така Александар Зарков побара тајм-аут при 1-6 во осмата минута. Џонов и Андоновски создаваа многу проблеми низ средината на домашната одбрана.

Стефан Талески ја презеде одговорноста, постигна три гола по ред и го принуди Матлиевски на минута одмор при 5-7 во 17. минута. Носени од битолската публика, пелистерци се вратија и првиот дел го завршија со само -1. Ако беа поприсебни во последната акција, можеа дури и да израмнат. 

На почетокот од вториот дел Ласко Андоновски ги презеде работите во свои раце и за половина полувреме Пролет стигна до +5. Зарков се обиде со тајм-аут и со промена на ритамот, пак Талевски повлече и во 50. минута резултатот гласеше 18-20. Вистинска драма следеше во финишот, битолчани не реализираа два седмерци, па Трајковски на влезот во последната минута намали на -1.

Гостите од Скопје не го реализираа последниот напад и Пелистер тргна во напад за реми. Бутурац изнуди седмерец, а Талевски со десеттиот гол израмни на 23-24. Во последните шест секунди Пролет не упати квалитетен удар за победа.

Најефикасни поединци во тимот на Пелистер беа Талевски и Петровски со по десет гола, а кај Пролет се истакна Ласко Андоновски со осум погодоци. Утре со натпреварот Металург – Струга започнува петтото коло, во кое Пелистер в сабота гостува кај Работнички, а Пролет го пречекува Радовиш.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 6 5 1 0 205:150 55 16
2 Пролет 62Пролет 62 6 4 2 0 177:163 14 14
3 Охрид 2013Охрид 2013 5 4 0 1 135:110 25 12
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 5 4 0 1 143:122 21 12
5 РадовишРадовиш 6 3 0 3 190:183 7 9
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 6 2 0 4 156:185 -29 6
7 ПелистерПелистер 5 1 2 2 117:123 -6 5
8 РаботничкиРаботнички 5 1 1 3 147:171 -24 4
9 СтругаСтруга 6 0 1 5 142:168 -26 1
10 Металург 2Металург 2 6 0 1 5 182:219 -37 1