• Зоран Мишевски

Денешната ждрепка ги одреди групите за Европското првенство во ракомет во Германија. Македонската селекција ги дозна своите противници и градот во кој ќе ја игра групната фаза.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе се борат за место во главната група со два титани на европскиот ракомет - Франција и Германија и Швајцарија. Натпреварите од групата А ќе се играат во Берлин.
Група А: Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
Група Б: Хрватска, Шпанија, Австрија, Романија
Група Ц: Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
Група Д: Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
Група Е: Шведска, Холандија, БиХ, Грузија
Група Ф: Данска, Португалија, Чешка, Грција
Најдобрите две селекции од секоја група продолжуваат во главната групна фаза, во која ќе играат шеснаесет репрезентации. Франција е првиот противник на македонсиата репрезентација, а шампионатот ќе го отворат Германија и Швајцарија, со натпревар на стадионот во Дизелдорф.
Во случај да ја мине групата Македонија ќе игра во новоформирана група во Келн, со најдобрите две селекции од групите Б и Ц.
Првата фаза ќе се игра и во Дизелдорф, Манхајм и Минхен. Потоа главната рунда се сели во Хамбург и Келн, додека завршниот турнир се игра на добро познатото место - „Ланксес Арена“.