• Редакција Gol.mk
Голем хендикеп и нова повреда во ростерот на Кил. За време на натпреварот против Ајзенах, кружниот напаѓач Хендрик Пекелер сериозно се повреди. Искусниот рептезентативец ја скина Ахилова тетива и итно е опериран.
Пекелер ќе отсуствува помеѓу шест и осум месеци, во зависност од текот на неговото закрепнување. Пивотменот незгодно се призејми и го напушти теренот со помош на соиграчите, додека навивачите му аплаудираа. Операцијата ја изврши поранешниот клупски доктор Франк Прис.
Во новата сезона, тренерот Филип Јиха ќе може да смета на Петер Оверби и на новото засилување од Монпелје, Хрватот Верон Начиновиќ. Сè уште не е познато дали клубот ќе донесе замена за Пекелер, а враќањето на пензионираниот Патрик Винчек останува неизвесна опција.
Веќе на 23 август, Кил, како освојувач на Купот, ќе го игра првиот натпревар во сезоната во Суперкупот против шампионот Фукс Берлин.