Пех за пелистерци: Повреда на Кузманоски, Пешевски го носеше на раце (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер победи кај Бутел Скопје, но тренерот Раул Алонсо се соочува со проблем затоа што се повреди Цветан Кузманоски.

Младото крило по една контра имаше лош пад по доскок, па падна на теренот и не можеше да застане на нозе. Откако лекарите го донесоа на клупата, на раце го крена Жарко Пешевски и го изнесе надвор од теренот за да замине на лекарски прегледи во болница.

Повредата на Кузманоски воопшто не делуваше наивно, на прв поглед изгледа како повреда на лигаментите, но се ќе биде појасно по деталните прегледи во болница. Исто така проблем за тренерот Алонсо беше и повредата на младиот Самоил Ристевски, кој се пожали на болки во првиот дел и оттогаш не играше.

Овие пехови за Еурофарм Пелистер доаѓаат пред големото дерби со Вардар 1961 во Битола.