Пецанова по една година пауза повторно ќе го облече дресот на Куманово

Освојувачот на Купот на Македонија од минатата сезона ЖРК Куманово склучи договор со Наталија Пецанова.

Младата ракометарка по една година помината во ЦЕМС Скопје повторно се враќа во редовите на кумановчанки. Има 18 години и игра на позицијата организатор на игра.

Пецанова е четвртото засилување на тимот во пресрет на новата сезона. Претходно во екипата пристигнаа Ангела Јанкуловска, Катарина Косановиќ и Медеа Чокели.

За претстојната сезона Куманово доби и нов предводник, селекторот на сениорската репрезентација Симе Симoвски.