Павле Атанасијевиќ мора да дополнителни прегледи, се стравува за скршеница!

По Петар Атанасијевиќ, кој не го одигра вчерашниот натпревар со Романија во последното коло од првата групна фаза од Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка, се повреди и неговиот брат-близнак – Павле.

Бекот на македонската репрезентација во самиот финиш од средбата со Романците беше нокаутиран, откако доби лакт директно во носот. По еден пробив Компаничу неспортски го удри нашиот ас и заработи директен црвен картон, а Атанасијевиќ се упати кон клупата.

Првичните прогнози не се охрабрувачки, затоа што се стравува за скршеница на носот. Но, тоа ќе го потврдат дополнителните прегледи, на кои ќе биде подложен во следните денови. 

Покрај браќата Атанасијевиќ, на Европското првенство се повредија и Џонов и Маркоски, но двајцата смогнаа сили и настапија на натпреварот со Романија.