• Горан Упале
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Никола Костески на фантастичен начин им се врати на обврските во својот клуб, но повторно недоволно за Линц да извојува победа во австрискиот шампионат.
Одличното десно крило поради повреда беше приморан да отсуствува еден месец, но ниту паузата не му претставуваше проблем за вечерва да одигра нова одлична партија и повторно да добие признание за најдобар играч на натпреварот.
Стружанецот на мечот со Холдинг Грац броеше до седум гола, а покрај ефикасниот скор, запиша и три асистенции и три украдени топки, па благодарение на одличната игра се закити со наградата МВП на овој натпревар.
Инаку, неговиот Линц кој на овој натпревар настапи видно ослабен, поради бројните заразени и повредени ракометари, загуби од Грац со 23-30 (10-14).