Пасквал ја напушта романската клупа: Имам само благодарни зборови за играчите и федерацијата

По неуспешната епизода во овогодишните квалификации за Светското првенство (СП), Чави Пасквал, селекторот на Романија, по мечот изјави дека повеќе нема да ја извршува оваа функција и дека ќе се насочи на обврските со екипата на Барселона.

„Јас го обновив договорот со Барселона и ќе продолжам да работам таму. Бидејќи ќе имам обврски и во репрезентацијата и во клубот, нема да можам да ги извршувам понатаму и двете функции. Имам само благодарни зборови на играчите и на сите вклучени. Можеби ракометарите ги немаат резултатите кои сите ги очекуваат, но земјата е горда на нив. Им благодарам и на сите од мојот стручен штаб, бидејќи не е лесно да се работи со мене. Како што вели жена ми, јас сум комплицирана личност. Луѓето од Федерацијата знаат дека можат да продолжат да сметаат на помош од мене. Благодарност и за мојот клуб, кој ми дозволи да го имам ова искуство“ , изјави романскиот селектор.

Романците победија на последниот натпревар на шпанскиот тренер на селекторската клупа, но загубија во вкупниот резултат со Македонија, која повторно ќе ја гледаме на еден голем турнир.