Пасквал и официјално потврден како нов тренер на Динамо Букурешт

Долгогодишниот предводник на Барселона, Чави Пасквал, од наредната сезона ќе биде дел од романското првенство.

Денес беше официјализирана соработката меѓу него и Динамо Букурешт. Трофејниот стратег се обврза на тригодишен договор со својот нов клуб.

По пауза од дванаесет години, Каталонците ќе добијат ново име на тренерската клупа. Тоа се очекува да биде неговиот сонародник Антонио Карлос Ортега.

Пасквал ја напушта Барса со освоени единаесет титули во АСОБАЛ, осум во Купот на Кралот, десет во АСОБАЛ Купот, десет во Суперкупот на АСОБАЛ, две во Лигата на шампионите, а има и пет титули на ИХФ Суперглоуб.