• Горан Упале
Романскиот ракометен шампион Динамо Букурешт продолжува да гради моќен тим за следната сезона. Откако во своите редови го доведе истакнатиот ракометен стратег Чави Пасквал, амбициите на Динамо пораснаа, а со тоа раководството на клубот веќе работи на доведување на квалитетни засилување.
Нова трансфер-цел на романскиот гигант е поранешниот голман на Вардар, Калифа Гебдан. Токму Пасквал побарал ангажирање на алжирскиот голман, но челните лица на Динамо Букурешт ќе мораат да платат обештетување доколку го сакаат потписот на одличниот чувар на мрежата. Шпанскиот статег и во периодот кога седеше на клупата на Барселона беше заинтересиран за услугите на поранешниот вардарец.
Гебдан е под договор со Адемар Леон, па Динамо ќе треба да ја плати клаузулата за раскин на истиот, која што изнесува 100.000 евра.
Алжирецот својата афирмација во Европа ја имаше во редовите на македонскиот шампион Вардар, откаде и замина во Шпанија. Динамо Букурешт ова лето пазареше и од Вардар, откако го обезбеди потписот на германскиот бек Кристијан Дисингер.