Паскал и Гајиќ ги напуштаат редовите на ЖРК Металург

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција ЖРК Металург на 14 август ќе ги стартува своите подготовки за новата натпреварувачка сезона, во која ќе се натпреваруваат во сите домашни натпреварувања, како и во ЕХФ Купот. 

Јулијана Црвенкоска во Автокоманда ќе го одржи првиот собир со ракометарките, но нејзиниот ростер ќе биде ослабен за две клучни имиња. Голманката Бисера Паскал и најверојатно десното крило Марија Гајиќ, нема да ги продолжат договорите со ЖРК Металург и своите кариери ќе ги продолжат во странство. Што се однесува до засилувања, од клубот најавуваат дека наскоро ќе бидат дефинирани новите имиња. 

Македонскиот шампион во ЕХФ Купот ќе стартува од првото коло, а својот противник ќе го дознае на 16 овој месец.