Партизан се засили со голман од полски Киелце

Ракометниот клуб Партизан соопшти дека доведе ново звучно засилување за следната сезона. Се работи за голманот Бекир Чордалија, кој доаѓа од редовите на полскиот Киелце

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина потпиша договор во траење од една година, со можност истиот да биде продолжен за уште една сезона. 

Чордалија минатите две сезони ги мина во Киелце, а претходно настапуваше за екипата на Вогошча од Босна и Херцеговина.