• Саше Љолес

Немања Обрадовиќ е нов играч на Црвена Звезда. Поранешниот српски репрезентативец минатата зима се врати во својата земја после осум години и настапуваше за Партизан, а сега ќе го носи дресот на најголемиот ривал.
Имаше двегодишен договор со „црно-белите“, но управата не беше задоволна од неговите настапи, по што остана без ангажман во последните неколку месеци. Сега, добива шанса да заигра за Звезда, каде соиграч ќе му биде Немања Марјановиќ, со кого заедно беа дел од Партизан.
Обрадовиќ е 34-годишен искусен лев бек, а минатата сезона триумфираше во Купот на Србија.