Парондо: Среќен сум за Македонија, тешко е бидејќи се спремавме со месеци за Чешка

Роберто Парондо како предводник на Вардар со освојувањето на Лигата на шампионите во 2019 година се препорача за селекторското столче во репрезентацијата на Египет. Така, овој шпански стручњак ја доби довербата да го склопи тимот за овој Мундијал, за кој во поинаква ситуација со публика на трибините ќе беше спектакл. 

Селекторот по натпреварот со Чиле освен за натпреварот, се осврна и на Македонија како познаница и нареден ривал на еѓипќаните. 

„Честитки на Македонците за доаѓањето во Египет, но исто така ми е жал што отпадна Чешка. Таа ситуација не е лесна за мене како тренер, бидејќи се припремавме за Чесите со месеци, а сега имаме 40 часа за тотално поинаков противник. Сепак, сум среќен за Македонија, имам одлични спомени од Скопје“, изјави Парондо.

Дуелот против Египет е закажан за в сабота со старт од 18:30 часот, а ривалот ќе има ден повеќе одмор од Македонија бидејќи ние вечерва играме против Шведска.